
Манчестер сити планира големи инвестиции во летниот трансфер период за да не му се повтори актуелната сезона во која одамна остана без шанса за титула во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Бидејќи Пеп Гвардиола не сака да има премногу широк состав на играчи, се очекуваат и заминувања од клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Не знам што ќе се случи. Клубот работи, но нема да имаме 45 играчи во составот. Тоа е неодржливо, па ќе видиме. Освен Кевин, сите останати имаат договори и ќе видиме во каква состојба се и како се однесуваат”, рече Guardiola.
Се навестува дека Сити ова лето може да понуди договор за левиот бек на Јувентус кој веќе подолг период го следат. Андреа Камбиасо (25) може да го донесат за 60 до 70 милиони евра, што англискиот извор го опишува како „добар трансфер“. Објаснува дека тој „може веднаш да влезе во составот на Гвардиола и да игра секој меч“, и се наведува дека „со тоа ќе се обезбедат две позиции, лев бек и централен бек“.
Фото: Manchester City/FB