Дома Фудбал Манчестер сити ќе се бори за трофејот во ФА-купот (Видео)

Манчестер сити ќе се бори за трофејот во ФА-купот (Видео)

Поранешниот англиски првак Манчестер Сити обезбеди место во големото финале на ФА Купот, откако во полуфиналниот дуел го совлада Нотингем Форест со сигурни 2-0. Со оваа победа, „граѓаните“ си закажаа битка за трофејот против Кристал Палас.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мечот започна идеално за избраниците на Пеп Гвардиола, кои уште во втората минута поведоа преку Рико Луис, кој ја искористи несмасноста во одбраната на Форест и донесе рана предност за својот тим. Нотингем Форест се обиде да се врати во натпреварот, но не успеа да создаде посериозна закана. Казната за нивната немоќ пристигна на почетокот на второто полувреме, кога Јошко Гвардиол со прецизен удар ја удвои предноста и ги постави конечните 2-0.

Финалната пресметка меѓу Манчестер Сити и Кристал Палас е закажана за 17 мај.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез донесе најголема одлука во последните 10 години – заврши приказната со Мбапе

Килијан Мбапе нема да го напушти Реал Мадрид иако многу навивачи на кралскиот клуб сакаат …