
Емилијано Мартинез од Астон Вила наскоро би можел да се пресели во Манчестер Јунајтед како нов чувар на мрежата!
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Оваа вест ја објави еден од најпрестижните аргентински новинари, Гастон Едул, кој во живо сподели дека Мартинез преговара со Јунајтед и дека Астон Вила е подготвена да го продаде.
Ова и не е толку неочекувано, ако се потсетиме дека Аргентинецот се простуваше од навивачите на „Вила Парк“ на последниот натпревар минатата сезона и што неколку недели се шпекулира за неговото заминување.
Се споменуваше дека има интерес од Галатасарај, но Мартинез очекуваше подобра понуда, а сега таа дојде од Манчестер.
Не е тајна дека Рубен Аморим сакаше друг голман наместо Андре Онана, кој сега сигурно ќе биде на листата за трансфери, но реализацијата на трансферот нема да е лесна.
Прво, Јунајтед нема така лесно да го продаде Онана, првенствено затоа што го плати на Интер 50.000.000 евра во 2023 година, и поради неговите плати и амбиции да се приклучи на нов голем клуб.
Дополнително, Мартинез нема да биде евтин, бидејќи се работи за светски шампион со силен углед во Премиер лигата, а Јунајтед сака да го забрза трансферот бидејќи Камерунецот е повреден и нема да може да брани уште два месеца.
Јунајтед веќе не смета на Онана, а и да сметаше, тој нема да може да биде на теренот до почетокот на септември, па затоа приоритет е доаѓањето на Мартинез што е можно побрзо.
Унаи Емери е свесен дека ќе остане без Мартинез, а Вила се стреми кон потпишување на Марко Бизо од Брест, чиј трансфер се очекува да биде завршен наскоро.