На „Олд Трафорд“ започнаа внатрешна истрага за да се идентификува играчот кој дава информации за стартниот тим на Манчестер Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Изборот на стартната 11-ка на Рубен Аморим беше објавен околу 20 часа пред дербито против Манчестер Сити. Тогаш стана јасно дека во тимот нема да бидат Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо, а првиот нема ни да се најде во групата.
Со овој проблем се соочија и претходните менаџери на „црвените ѓаволи“, па клубот сака да разбере кој изнесува информации.
На социјалната мрежа се појави гласина дека еден од изворите што ги дава информациите на медиумите е братот на Алехандро Гарначо – Роберто, кој пак категорично демантира.