Веќе години наназад загрепскиот “Максимир” не е во најдобра состојба. Некои го прогласуваат за еден од најгрдите стадиони во Европа, а една од трибините е сосема нефункционална.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
И покрај тоа, хрватскиот шампион Динамо ги игра своите натпревари на овој застарен стадион, кој наскоро може да стане минато.
Имено, наскоро “модрите” треба да го претстават планот за изградба на нов стадион и заедно со град Загреб и Владата на Хрватска да започнат со неговата реализација.
На вчерашното заседание на клубот беше кажано дека новиот “Максимир” ќе почне да се гради кога ќе се исполнат три услови: да се уреди стадионот во „Кранчевиќ“, каде што Динамо би ги играл своите домашни натпревари за време на изградбата на новиот стадион, да се најде нов камп за тренинг, и да се собере сета неопходна документација за да се добие дозвола за градба.
Новиот “Максимир” би имал капацитет од 30-35.000 места.