Дома Фудбал Maкедонските клубови засега само ќе сонуваат ваков трансфер: Чукарички продае фудбалер за над три милиони евра!

Maкедонските клубови засега само ќе сонуваат ваков трансфер: Чукарички продае фудбалер за над три милиони евра!

Доскорешниот фудбалер на Чукарички, Михајло Цветковиќ, е новиот фудбалер на Андерлехт.

Според информациите од сигурниот инсајдер, Флоријан Плетенберг, на Баново брдо ќе се заработи рекордна сума – која изнесува помеѓу 3.000.000 и 3.500.000 евра.

Михајло ја доби „деветката“, а на „Лото Парк“ се надеваат дека добиле достоен наследник на некогашните асови од Србија – Александра Митровиќ и Ненад Јестровиќ кои своевремено го носеа дресот на овој клуб.

– Многу сме среќни што го доведовме Михајло Цветковиќ во тимот за наредната сезона. Михајло е подвижен напаѓач кој може да игра во различни системи. Има добро чувство за голови и добар е во завршница. Не е чудо што како млад веќе заслужи повик во репрезентацијата на Србија – истакна спортскиот директор Оливије Ренар.

– Андерлехт е големо име во европскиот фудбал. Добро сум запознаен со клубот бидејќи има долга традиција на доведување српски напаѓачи. Нетрпеливо чекам да почне летото.

Фото: R.S.C. Anderlecht

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…