
Македонската кадетска ракометна репрезентација ја забележа и втората победа на Европското првенство во Белград. Избраниците на стручниот штаб одиграа одлично второ полувреме и славеа против Турција со 29-27.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Турските ракометари подобро го започнаа натпреварот и во првиот дел успеаја да ја преземат контролата на играта. Со ефикасна реализација на нападите, Турција на пауза замина со предност од 15-13.
Сепак, Македонија во продолжението покажа карактер и многу подобра игра. Со цврста одбрана и искористување на грешките на противникот, нашите кадети направија целосен пресврт и го задржаа водството до самиот крај за голема победа од 29-27.
Најефикасен во македонскиот состав беше Бобан Поповски со девет постигнати голови.