Дома Фудбал Македонските фудбалерки до 16 години ја победија и Грузија

Македонските фудбалерки до 16 години ја победија и Грузија

Македонската женска фудбалска репрезентација до 16 години продолжува со одличните настапи на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Албанија. Во рамките на второто коло, нашите млади фудбалерки обезбедија минимална, но вредна победа од 1:0 против врсничките од Грузија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Херој на натпреварот беше Елена Наумовска, која во самиот финиш – 85. минута – ја затресе мрежата и ѝ донесе триумф на Македонија во еден мошне изедначен и борбен дуел. И двете селекции имаа свои шанси, но на крајот реши индивидуалниот момент на инспирација и одлучност.

Ова беше втора победа за нашата селекција на турнирот. Во првото коло, Македонија ја совлада Бугарија по подобро изведување на пенали, откако регуларниот дел заврши без победник.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…