Дома Фудбал Македонија по ремито со БиХ и поразот од Турција падна на ФИФА ранг листата

Македонија по ремито со БиХ и поразот од Турција падна на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од две позиции на најновото рангирање на ФИФА и сега го зазема 69. место на светската листа.

На намалувањето на рејтингот влијаеја последните резултати на националниот тим, односно ремито без голови против БиХ и убедливиот пораз од Турција со 4-0. Тоа им овозможи на селекциите на Зеленортските Острови и Обединетите Арапски Емирати да ја минат Македонија на најновото рангирање.

Промени има и во самиот врв на светскиот фудбал. Светскиот шампион Аргентина повторно се искачи на првата позиција, оставајќи ги зад себе Шпанија и Франција. Шпанската репрезентација сега е второпласирана, додека Французите се на третото место.

Во првите десет селекции на светот се наоѓаат уште Англија, Португалија, Бразил, Мароко, Холандија, Белгија и Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“ од Шпанија: Никој не може да верува што би можело да се случи во јануари со Алварез

Сагата за Хулијан Алварез добива сосема нов заплет, и тоа каков што речиси никој не можеше…