Дома Останати Кошарка Македонија сака победа во Талин за задржување на надежите за пласман на Евробаскетот!

Македонија сака победа во Талин за задржување на надежите за пласман на Евробаскетот!

Koшаркарската репрезентација на Македонија денеска ја очекува уште една важна битка во претпоследното коло од битката за пласман на Евробаскетот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Нашата селекција денеска гостува кај Естонија во Талин и потребна ни е победа со најмалку пет поени разлика ако сакаме да ги задржиме шансите за пласман и во последното коло.

Домашната селекција ќе има голема поддршка од трибините бидејќи билетите се распродаддени и натпреварот ќе се игра пред 7.000 публика. Селекторот Александар Јончевски се соочи и со проблеми со повреди, Теодор Симиќ отпадна во последен момент, а од претходно надвор од комбинација за овој собир е Итан Хап.

Сепак, тука се нашите двајца најдобри кошаркари кои за првпат се заедно во репрезентацијата, Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс, па ќе видиме како Македонија ќе изгледа со двајцата плејмејкери на теренот.

Ако денеска славиме со пет поени разлика тогаш во последното коло ќе ни биде потребна било каква победа против Полска, но и пуслуга од Литванија да ја совлада Естонија за да дојдеме до второто место и пласман на Евробаскетот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Обрадовиќ добил понуда со која може да стане најплатен тренер во Европа!

Легендарниот српски тренер Жељко Обрадовиќ би можел ова лето да се врати на местото на нег…