Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија против Фарски Острови брка нови рекорди и бараж за Мундијал

Македонија против Фарски Острови брка нови рекорди и бараж за Мундијал

Македонската фудбалска репрезентација ја постигна целта, го освои првото место во групата и се пласираше во Б-дивизијата од Лигата на нации, но на денешниот натпревар против Фарски Острови во последното коло игра за бараж за пласман на Светското првенство 2026 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На Македонија и требаат три бода со Фарски Острови за да биде најдобра во Ц лигата, но работите ќе зависат од други резултати за конечниот пласман да го заврши на првата позиција.

За последниот дуел од групната фаза во македонскиот тим го нема Елиф Елмас. Членот на Лајпциг се повреди на натпреварот против Летонија, па нема да биде во конкуреција Сите останат ќе бидат на располагање на тренерот Благој Милевски, кој на прес-конференцијата најави ротации и промени во првиот тим.

Ова ќе биде трет натпревар меѓу Македонија и Фарските Острови. Првиот меѓусебен натпревар во Торшавн во оваа Лига на нации заврши без победник – 1:1, додека во 2023 година двете селекции одиграа пријателски натпревар во Скопје, кој заврши 1:0 со голот на Бојан Миовски.

Македонија врза четири натпревари со победи без примен гол, што е своевиден рекорд и показател за одличната форма на нашата репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…