Дома Фудбал Македонец ќе биде дел од големиот спектакл помеѓу Реал и Манчестер Сити!

Македонец ќе биде дел од големиот спектакл помеѓу Реал и Манчестер Сити!

Реал Мадрид и Манчестер Сити утре ќе го одиграат дербито на колото во Лигата на шампионите, а на овој голем европски спектакл важна улога ќе има и еден Македонец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Филип Поповски, поранешниот генерален секретар на ФФМ и човек со богато искуство во фудбалските институции, е назначен за делегат на средбата меѓу двата европски гиганта.

Судија на мечот ќе биде искусниот Французин Клемен Турпан, а асистенти ќе му бидат Николас Данос, Бенџамин Паже и Стефани Фрапар. ВАР-тимот е составен од Жером Брисар од Франција, како и германските официјали Сорен Шторкс и Луц Михаел Фролих.

Големото европско дерби меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити е закажано за среда, со почеток во 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Снимка од брутална тепачка меѓу англиски фудбалери ја шокира планетата (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во кампот на младите селекции на Англиј…