Дома Кошарка Магија на Словенецот: Дончиќ играше одлично, но Лејкерс загубија (Видео)

Магија на Словенецот: Дончиќ играше одлично, но Лејкерс загубија (Видео)

Кошаркарите на Феникс ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 113:104 во подготвителен натпревар пред почетокот на новата сезона во НБА лигата.

Ова беше трет пораз за Лејкерс од четири подготвителни натпревари, а во дуелот против Санси за првпат заигра Лука Дончиќ, кој на теренот мина 22 минути.

За тоа време Дончиќ постигна 25 поени (7/15 од игра, 4/8 за три, 7/8 од пеналите) со седум скокови и четири асистенции.

Го следеше Остин Ривс исто така со 25 поени, кој за 31 минута забележа и четири фатени топки, но ни тоа не помогна да избегнат пораз.

Двоцифрен беше уште Диандре Ејтон со 10 кошеви, а Леброн Џејмс не играше по одлука на тренерот.

Сансите до триумфот ги водеше Џеред Батлер со 35 поени и седум скокови, Џордан Годвин ги запиша 24 кошеви.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…