Дома Останати Кошарка НБА Maјами го гази Бостон: Со убедлива победа дојде на чекор од финале!

Maјами го гази Бостон: Со убедлива победа дојде на чекор од финале!

Кошаркарите на Мајами се вистински хит во плеј-офот откако по третпат го совладаа тимот на Бостон со 128:102 и сега се на чекор од финалето во НБА.

Важеше Бостон за фаворит пред почетокот на серијата бидејќи Мајами преку плеј-ин турнирот стигна до доигрувањето, сепак „жешките“ играат фантастично во оваа серија. Во овој последен натпревар тимот од Флорида имаше изненадувачки херој во Гејб Винсент кој постави личен рекорд со 29 поени во плеј-офот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Посебно одличен Винсент беше во обидите за три поени, шутирајќи 6/9. Џими Батлер натпреварот го заврши со 16 поени, осум скока и шест асистенции. Во редовите на Бостон Џејсон Тејтум постигна 14 поени и додаде 10 скока.

Предност од 3:0 во серијата има и Денвер против Лејкерс, а последен пат кога двете конференциски финалиња завршиле со резултат 3:0 беше во далечната 1957 година кога Бостон го елиминираше Сирјакус, а Сент Луис Минеанаполис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…