Дома Фудбал Останато Maтераци 14 години подоцна призна – приказните за сестрата на Зидан се точни! (ВИДЕО)

Maтераци 14 години подоцна призна – приказните за сестрата на Зидан се точни! (ВИДЕО)

Судирот на Марко Матераци и Зинедин Зидан го обележа финалето на Светското првенство во 2006 година во Германија.

Во текот на продолженијата италијанскиот стопер го испровоцира Зидан кој го удри со глава и доби директен црвен картон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Французите успеаа да издржат со играч помалку и да дојдат до пенал рулетот, но таму Италијанците дојдоа до победата и титулата шампион на светот, а Зидан по тој натпревар се пензионираше.

Сега, 14 години подоцна Матераци зборуваше за тој момент и потврди дека приказните дека ја спомнал сестрата на Зидан се точни.

„Ударот на Зидан? Искрено, не го очекував. Среќа што не го очекував ако бев спремен тогаш двајцата ќе завршевме во соблекувалната. Имавме мал контакт во казнетиот простор. После првиот дуел му се извинив, а тој реагираше лошо. Потоа и втор пат имавме контакт, а при третиот застанав пред него: Тој ми рече: Ќе ти го дадам дресот подоцна полека и јас му одговорив со зборовите дека подобро е да ми ја даде неговата сестра, тогаш се случи ударот“, призна Матераци.

Зидан така на еден неславен начин ја завршио неговата неверојатна кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…