Дома Фудбал Италија Maрота се огласи за новиот договор на Лаутаро

Maрота се огласи за новиот договор на Лаутаро

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота потврди дека миланскиот клуб преговара со Аргентинецот, Лаутаро Мартинез за продолжување на соработката.

Мартинез во Интер пристигна во 2018 година од Расинг за околу 23 милиони евра и неговиот актуелен договор е со важност до 30. јуни 2026 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во преговори сме со Лаутаро и неговите менаџери да го завршиме новиот договор. Многу сме мирни кога е тоа во прашање. Верувам дека нема да имаме проблеми, бидејќи Мартинез сака да продолжи да игра за нашиот клуб“, изјави Марота.

Интер во Торино ремизираше против Јувентус (1:1) во 13. Коло од Серија А, а единствениот гол за Интер го постигна токму Лаутаро во 33. минута.

Аргентинскиот напаѓач за Интер одигра 255 натпревари и постигна 117 голови. Со миланскиот клуб освои и пет трофеи.  

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…