Дома Фудбал Англија Maрк Нобл – пример за верност и вистински капитен!

Maрк Нобл – пример за верност и вистински капитен!

Легендарниот капитен на Вест Хем, Марк Нобл се договори со матичниот клуб за продолжување на соработката на уште една година, пренесуваат англиските медиуми.

Ова значи дека Нобл својата кариера цела ќе ја помине во источен Лондон. Во Вест Хем пристигна како 13 годишник од Арсенал и за првиот тим дебитираше во сезоната 2004/2005 кога овој тим играше во Чемпионшип.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кратко беше на позајмици во Хал и Ипсвич, а за Вест Хем собра неверојатни 520 натпревари на кои постигна 60 голови.
Oваа сезона не е толку стандарден на теренот, но во клубот сакаат да го задржат поради влијанието кое го има како капитен во соблекувалната.

Нобл и самиот призна дека оправдано седи на клупа бидејќи пред него има многу помлади играчи кои заслужуваат да играат повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …