Ова веројатно е доказ колку многу сакаа да се ослободат од Жозе…
После поразот од Ливерпул во дербито во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед го отпушти Жозе Мурињо, а него го наследи легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кога Мурињо добил отказ како што пишуваат англиските медиуми вработените за пет минути ја исчистиле канцеларијата на Португалецот и ги отстраниле работите кои тој ги оставил.
Клубот бил суров, се било спакувано во комбе кое заминало за 15 минути, не му оставиле ниту време да се поздрави со вработените. Сите негови слики, трофеи, се што едноставно би потсетувало на него било исфрлено во рекордно краток период.
Иначе одлуката тоа утро на Мурињо му ја соопштил Ед Вудворд. Многумина тврдат дека на сите им станло полесно бидејќи атмосферата воопшто не била добра.
Што задржале?
Во прашање е списокот на Мурињо за стопери, бидејќи и Солскјер мора да ја засили одбраната и покрај убедливата победа против Кардиф во дербито. Кулибали отпадна, останува во Наполи, Никола Миленковиќ и понатаму е во игра, иако многумина сметаат дека за него е прерано.
Слично е и со Озан Кабак од Галатасарај, додека Едер Милитао од Порто вреди повеќе од 50 милиони евра.
Скриниар и Мегваер исто така се скапи, прашање е и дали Интер би се откажал од стоперот. Како најреална опција и понатаму останува Тоби Алдервилд од Тотенхем.