Дома Фудбал Англија Maнчестер Јунајтед ги најде виновниците за хаосот во клубот – новинарите!

Maнчестер Јунајтед ги најде виновниците за хаосот во клубот – новинарите!

Раководството на еден од најголемите клубови во светот, Манчестер Јунајтед се налути на четворица новинари кои денес добиле забрана за влез на прес-конференцијата на клубот од „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Забрана за влез на прес-конференцијата добиле Каве Солхекол (Скај Спортс), Семјуел Лакхерст (Манчестер ивнинг њуз), Дејвид Мекдонел (Мирор) и Роб Досон (ЕСПН).

Причината која им била соопштена е дека објавувале статии без претходно да ги прашаат нив како една страна во приказната. Поточно станува збор за стории во кои се пишуваше дека Тен Хаг ја губи довербата во соблекувалната и дел од играчите се свртеле против него.

Манчестер Јунајтед преку својот портпарол ги потврди ваквите информации. Во целиот хаос кој владее во клубот очигледно некој како голем проблем ги воочил новинарите…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса официјално се раздели со голманот, кој 14 години беше дел од клубот

Барселона официјално објави дека клубот постигнал договор со грчкиот Панатинаикос за транс…