Македонија Ѓорче Петров преку своите социјални мрежи денес потврди дека натпреварот од 29-тото коло во Првата македонска лига против Скопје ќе го игра на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“.
Причината за промената на местото на одигрување е реконструкција на тревната подлога на теренот во Ѓорче.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Поради реконституција на подлогата на теренот на нашиот стадион „Ѓорче Петров“, натпреварот во среда против ФК Скопје ќе се одигра на Тренинг Центарот на ФФМ „Петар Милопшевски“ со почеток од 16 часот“, објавија „лавовите“.