Maкедонија во јануари ќе го продолжи континуитетот на големата сцена и ќе настапие на Европското првенство, а веќе се планирани контролните средби на кои ќе ја темпираме формата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонскиот национален тим ќе игра две контролни средби со ривал од Азија. Пред крајот на декември ракометарите ќе се соберат во Скопје после што ќе следуваат два дуели со Кувајт.




И Кувајт се подготвува за голем настан затоаш то им следи Азиското првенство кое ќе се игра во Саудиска Арабија. Али Сафер, голманот на Вардар е нивни член и тој е веќе во нашата земја.
Најавите се дека дуелите може да се играат во Маврово. На Европското првенство ние ќе играме во Дебрецин и во група сме со Словенија, Црна Гора и Данска. Натпреварите од групната фаза ќе ги одиграме од 13. до 17. јануари.