Дома Фудбал Репрезентации Maкедонија повторно може да биде кошмар за Италија, Спалети прача: Не се плашиме!

Maкедонија повторно може да биде кошмар за Италија, Спалети прача: Не се плашиме!

Италијанската репрезентација вчера беше поразена од Англија на „Вембли“ со 3:1. Стигнаа „Аѕурите“ рано до водство, но на крајот домаќините со пресврт ги освоија трите бода.

Поразот од Англија, Италија ја става во многу незгодна позиција. Италија се уште зависи сама од себе, но имаат притисок бидејќи се трети.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Украина со победата над Малта дојде до 13 бода на второт место, Италија има 10 со натпревар помалку против Македонија. Ваквата ситуација доведува до тоа Македонија повторно да стои на патот на Италијанците. Ќе потсетиме ние ги елиминиравме во баражот за последниот Мундијал.

На прес-конференцијата по поразот од Англија, селекторот Спалети беше запрашан за ново шокантно сценарио слично на Палермо пред година ипол.

„Не се плашам од ништо, ќе бидам изненаден ако моите фудбалери се исплашат. Имаме сила и квалитет да играме против секого. Резултатот 3:1 не е реална слика на што се случуваше на теренот. Сакаме да играме на отворен простор и да имаме силен интезитет во текот на 90 минути. Ние сме Италија не се плашиме од неуспех“, порача Спалети.

Натпреварот помеѓу Италија и Македонија се игра на 17. ноември во Рим. На првата средба во овие квалификации против Италија одиграна во Скопје резултатот беше 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Тимот на Динамо Загреб освои големи три бода во вчерашното дерби со Ријека и така дојде на…