Дома Фудбал Мајсторија како во старите добри денови: Лионел Меси го постигна 854. гол во кариерата (ВИДЕО).

Мајсторија како во старите добри денови: Лионел Меси го постигна 854. гол во кариерата (ВИДЕО).

Фудбалерите на Интер Мајами остварија победа во мечот од 4. коло на МЛС, против Атланта Јунајтед, со резултат 2:1 на гости.

Лионел Меси го постигна израмнувачкиот гол, кој на Мајами му донесе бод. Екипата на Хавиер Маскерано моментално не знае за пораз, со еден нерешен резултат и три победи во четири кола.

За аргентинецот ова беше 854. гол во кариерата.

Погледнете како украде топка и ги надмудри противничкиот играч и голманот.

Следува репрезентативна пауза, а Меси со Аргентина има два тешки испити. Гаучосите и актуелните светски прваци, прво гостуваат кај Уругвај на 22 март, а четири дена подоцна ќе го пречекаат Бразил во квалификациите за Светското првенство 2026.

По 12 кола, тимот на Лионел Скалони е прв со 25 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Маркос Рашфорд во центарот на спектакуларен трансфер

Маркос Рашфорд би можел да се најде во центарот на еден од најинтересните потези во завршн…