Дома Фудбал Maрота потврди: Го сакаме Тонали!

Maрота потврди: Го сакаме Тонали!

После Ашраф Хакими кого Интер го обезбеди следна мета на „нероаѕурите“ ќе биде Сандро Тонали.

За интересот на Интер за Тонали се пишува веќе подолго време, а дека клубот навистина сака да го доведе потврди и Бепе Марота. Главниот оперативец на „нероаѕурите“ даде оптимистична изјава за Тонали.

„Сандро Тонали е одличен млад играч со голем потенцијал и сакаме да сметаме на него за наредната сезона. Сепак, сите знаеме дека ние не сме единствениот клуб заинтересиран за него. Преговори со Бреша не сме започнале, но треба да напоменеме дека имаме одличен однос со нивниот претседетел Челино“, изјави Марота.

Покрај Интер, името на Тонали се поврзува и со Јувентус. Инаку, неговата Бреша скоро сигурно ќе испадне од Серија А, па не се очекува и наредната сезона да игра во овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…