Дома Македонски спорт Мак ракомет Maнасков: Сите заедно да го вратиме Вардар онаму каде што припаѓа!

Maнасков: Сите заедно да го вратиме Вардар онаму каде што припаѓа!

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков е нов член на Вардар и по пауза од шест години повторно го облекува „црвено-црниот“ дрес.

Вардар го засилува тимот со искусен играч на позицијата лево крило кој зад себе има настапи во неколку европски екипи и настапи на ЕП и СП со репрезентацијата на Македонија.

Манасков ја даде и првата изјава по потписот со Вардар.

„Мило ми е што повторно се враќам тука после долги години. Се надевам дека сите заедно ќе ги оствариме целите на клубот и ќе го вратиме онаму каде што припаѓа за заедно да се радуваме на нови успеси“, изјави Манасков.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Криенс Луцерн во игра за Малус, Вардар пред неизвесност на средната бековска позиција

Јака Малус се поврзува со преселба во Швајцарија, но засега нема потврда за заминување од …