Дома Фудбал Италија Maлдини ги израдува навивачите: Тешко беше, но се договоривме со Леао

Maлдини ги израдува навивачите: Тешко беше, но се договоривме со Леао

По најавата од италијанските медиуми дека Милан постигнал договор за обновување на соработката со Рафаел Леао, потврди и директорот на „росонерите“, Паоло Малдини.

Леао се договорил со Милан за нова соработка која би имала важност до јуни 2028 година. Тој би требало да добива плата од пет милиони евра, а со бонуси таа би достигнала и седум милиони евра. Покрај тоа Португалецот ќе добие и два милиони евра бонус за потписот.

Договорот пред новинарите по вчерашниот натпревар помеѓу Милан и Интер го потврди Малдини.

„Многу сме блиску. Договорени се и финалните детали. Не беше лесно, но успеавме“, изјави Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бугарија по две кола во Лигата на Нации остана без селектор

Фудбалската репрезентација на Бугарија ќе мора да бара нов селектор откако Александар Дими…