
Maкедонската репрезентативка Сара Ристовска испишува историја во ЦСКА Москва, таа сега е сопственик на два рекорди во рускиот гигант.
На последниот натпревар против Ростов Дон, Ристовска постигна пет гола и дојде до бројката од 475 со што стана најдобриот стрелец во историјата на овој тим. На врвот досега беше Антонина Скоробогаченко која постигна 473 гола.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Исто така Ристовска стана и ракометарката со најмногу настапи во дресот на ЦСКА Москва, досега одигра 152 натпревари.
Ростов Дон победи во тој натпревар против ЦСКА и го израмни резултатот на 1:1, третиот дуел кој ќе биде решавчки ќе се игра на 4-ти јуни.