Дома Македонски спорт Maкедонија поразена и од Тунис

Maкедонија поразена и од Тунис

Македонската ракометна репрезентација ни приреди уште едно разочарување, па победата против Алжир бевме поразени од Тунис со 28:33.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тунис отвори со 0:5, а ние дури во шестата минута го постигнавме првиот гол. Како што одминуваа минутите ние игравме подобро и полека се враќавме во натпреварот. Неколку пати доаѓавме до -2, но сепак не успеавме да изедначиме. На полувреме Тунис водеше со 14:16.

Стартните минтуи од второто полувреме беа и нашите најдобри моменти на натпреварот, па така успеавме да го свртиме резултатот и за првпат на мечот да поведеме (18:17).

Гол за гол се играше се до последните 15-тина минути од средбата кога Тунис со една серија по подолго време за првпат се „одлепи“ (21:24). Таа мини-серија од три гола како да ги откажа нашите ракометари, па во продолжение не се вративме и предноста на Тунижаните само растеше.

Кузмановски и Манасков со по седум гола беа најефикасните кај нас, додека Дармул на спротивната страна постигна осум гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …