28 годишниот стопер на Ерменија Вараздат Харојан остана без трансфер во АЕЛ затоа што бил мобилизиран од војската на Ерменија која е во војна во Азербејџан.
Менаџерот на Харојан објасни дека поради конфликтот помеѓу двете држави неговиот клиент е повикан да служи војска и нема да може да го потпише договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Инаку, Харојан е и тоа како искусен играч во репрезентацијата на Ерменија за која настапи на 52 натпревари постигна два гола. Претходно беше дел и од младинските категории на Ерменците.
Ваквиот развој на настаните веројатно значи и дека Харојан ќе го пропушти натпреварот против Македонија кој е закажан за ноември. Работите би се промениле само доколку ситуацијата помеѓу Ерменија и Азербејџан се смири.
Armenia National Team captain Varazdat Haroyan cancelled his transfer to go fight Azerbaijan and Turkey and protect Artsakh and Armenia. This is a fucking captain. This is a leader. This is what Armenia stands for. ?? https://t.co/3jTmEKbwbH
— HyelandersFC (@HyelandersFC) September 29, 2020