Дома Фудбал Англија Mурињо: Реал од 2011 или Тотенхем од 2020? Се уште не сме на тоа ниво

Mурињо: Реал од 2011 или Тотенхем од 2020? Се уште не сме на тоа ниво

Екипата на Тотенхем постигна 31 гол во девет натпревари во сите натпреварувања, но Жозе Мурињо смета дека овој тим се уште е далеку од оној шампионски на Реал Мадрид кој го водеше во сезоната 2011/12 и на патот до титулата постигна 121 гол.

И покрај импресивната напаѓачка игра. Португалецот смета дека неговата екипа мора да пронајде рамнотежа помеѓу обдраната и офанзивата бидејќи забележителни се осцилациите кога во прашање е примањето голови. Тоа на најдобар начин можеше да се види кога Тотенхем испушти водство од 3:0.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Во Реал Мадрид имав неверојатна напаѓачка игра и успеавме да изградиме тим на одраден начин. Морам да бидам искрен дека тука имам многу добри играчи во офанзивниот дел, но мораме да добиеме стабилност. Тимот мора да се чувствува стабилно и позади и да има високо ниво на самодоверба. Тоа е тимска работа и не се работи за поединци, мораме да бидеме во можност да играме напаѓачки и да бидеме спремни да се организираме во одбраната. Да не му оставаме простор на противникот. Мораме да подобриме некои детали, тоа е очигледно“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…