Во центарот на вниманието денес на Островот се наоѓа Манчестер Јунајтед, англиската јавност на големо шпекулира дека неколку фудбалери ќе го напуштат „Олд Трафорд“ до крајот на овој месец.
Според најавите, Жозе Мурињо разговарал со сопствениците на клубот и им открил на кои фудбалери нема да смета оваа сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пишува „Мирор“ португалскиот стручњак после анализа со своите соработници одлучил да се откаже од тројца играчи. Мурињо е убеден дека Ентони Марсијал, Матео Дармијан и Маркус Рохо нема да му бидат потребни и дека можат да бидат продадени.
Марсијал го изгуби своето место кога во клубот пристигна Алексис Санчез, интерес за неговите услуги покажуваа Јувентус и Баерн Минхен, но тоа беше на почетокот од преодниот рок, сега нема клуб кој се поврзува со негово доведување.
За Матео Дармијан се шпеулира дека ќе се врати во Италија, во овој момент според медиуми на Апенините најблиску е до Наполи.
Рохо кариерата би можел да ја продолжи во Турција бидејќи го сака тимот на нашиот Елиф Елмас, Фенербахче.