Денес на Мундијалот во Русија започнува третото коло од групната фаза, а денешниот ден ни носи четири натпревари.
Од 16:00 часот на Арената во Самара ќе се сретнат Русија и Ургувај и ова ќе биде дуел за првата позизија во оваа група.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
После две кола двете репрезентации имаат максимален учинок. Русија така ја продолжи добрата традиција на домаќинот кој ја поминува групата, единствената држава домаќин која Мундијалот го заврши во групата на фаза е Јужноафриканската Република. Домаќинот убедливо славеше против Саудиска Арабија и Египет, но најголемиот предизвик ги очекува против Уругвај кој во претходните две средби славеше минимални победи од по 1:0.
Иако пред првенството од поголемиот број новинари во Русија беа прогласени за „најлошиот руски тим во историјата“ овие момци успеаа да ги свртат навивачите на својата страна.
Уругвај не се прослави баш многу во првите натпревари, Луис Суарез кој доби огромни критики за првиот натпревар во вториот донесе победа на Ургвајците во натпреварот против Саудиска Арабија. Во првото коло за победа на Ургувај стрелаше дефанзивецот Хименез.
Веројатни состави:
Уругвај (4-4-3): Муслера, Касерес, Годин, Хименез, Варела, Бентакур, Весино, Санчез, Родригез, Кавани, Суарез
Русија (4-2-3-1): Акифеев, Жирков, Игнашевиќ, Кутепов, Фернандеш, Зобин, Газински, Черишев, Головин, Самедов, Џуба.
Во истиот термин од оваа група ќе се сретнат и селекциите кои ги заубиија своите шанси за пласман во следната фаза Саудиска Арабија и Египет.
Овие две репрезентации запишаа два порази. Додека од Саудиска Арабија се очекуваше да биде на дното, од Египет очекувањата беа да биде барем во борба за следната фаза. Сепак без Салах во првиот натпревар против Ургувај не можеа многу, а изгубија важни два бода со голот примен во финишот. Против Русија Салах беше на теренот, но домаќинот славеше со убедливи 3:1, а стрелец на единствениот гол за Египет беше токму Салах.
Иначе, се очекува Хектор Купер во овој натпревар да му даде прилика на Есама Ел Хадари на голот на Египет со што би станал најстариот играч во историјата на светските првенства.
Веројатни состави
Саудиска Арабија (4-5-1): Ал-Мосалим, Ал-Булахи, Ховасави, Ал-Бреик, Ал-Сахрани, Ал-Фарај, Отајф, Ал-Могави, Ал-Давасари, Бахебри, Асири
Египет (4-4-2): Ел Хадари, Габр, Хегази, Фати, Абдел Шафи, Хамед, Елнени, Трезеге, Саид, Салах, Мохсен
Од 20:00 часот ќе се сретнат Португалија и Иран, а ова е директна борба за пласман во 1/8 финалето.
Португалија после два натпревари има четири бода (реми со Шпанија 3:3 и победа против Мароко 1:0). Апсолутна ѕвезда во оваа селекција секако е Кристиано Роналдо кој ги постигна сите четири гола. Тие и Шпанците имаат ист број на бодови и идентична гол-разлика. Кога двете екипи би ги завршиле натпреварите со ист резултат, тогаш за првата или втората позиција ќе одлучува критериумот на фер-плеј, односно жолтите и црвените картони.
Од друга страна Иран среќно го победи Мароко со автоголот во финишот на Бухадуз. Тоа им овоззможи дури и после поразот од Шпанија (0:1) во директен дуел против Португалија да се надеваат на пласман во 1/8 финалето.
Селекторот на Иран е Португалец, Карлос Квеирош, а тој смета дека Португалија е „Кристиано Роналдо“.
Ова ќе биде нивни втор меѓусебен дуел на светските првенство. Во Германија во 2006 година Португалија славеше со 2:0.
Веројатни состави
Иран (4-1-4-1): Беиранванд, Хајсафи, Поуралигањи, Чешми, Резеин, Ебрахими, Ансафрирард, Шоајеи, Амири, Јахабакаш, Азмоун.
Португалија: Патрисио – Пепе, Фонте, Сораеш, Гуериро – Силва, Мутињо, Карваљо, Фернандеш – Гуедеш, Роналдо.
Во Клининград во истиот термин ќе се сренат Шпанија и Мароко. Мароканците се без шанси за пласман во 1/8 финалето па поради тоа се очекува лесен триумф на „Фуријата“.
Како што споменавме целосно се изедначени со Португалците и сигурно дека ќе се обидат против Мароко кој нема резултатски мотив да победат (ако е можно и со поголема гол-разлика) со цел да ја обезбедат првата позиција во групата.
Веројатни состави
Шпанија (4-4-2): Де Геа, Жорди Алба, Серхио Рамос, Жерар Пике, Дани Карвахал, Коке, Тиаго Алкантара, Иско, Давид Силва, Диего Коста, Иако Аспас.
Мароко (4-2-3-1): Монир Ел Кајоу, Ашраф Хакими, Гхаем Саис, Мехди Бенатија, Хамза Менди, Карим Ел Ахмади, Хаким Зијах, Мбарак Боусуфа, Јоунес Белханда, Амрабат, Боутаиб.