Песната „Тhril“ објавена на „Јутуб“ каналот „DIDE“ овој период е вистинска мистерија и за спортските медиуми на Островот причина е што наводно изведувач на истата е познат фудбалер од Премиер лигата.
Од јавноста песната добива позитивни критики, меѓутоа и поради мистериозниот фудбалер таа достигна над милион прегледи за десет дена од објавувањето на спотот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерот во спотот е со маска и не го открива својот идентитет, но дава некои насоки. Наводно, тој заработува над еден милион евра годишно, спотот е снимен во југоисточен Лондон, неговиот тим победува и секој натпревар до крајот на сезоната е како финале.
Многу работи можат да бидат и двосмислени, но јавноста навистина ја интересира за кого станува збор, а има и фаворити: Еди Нкетиа и Бакајо Сака од Арсенал, но и Алекс Ивоби од Евертон, иако според описот не одговара дека „карамелите“ имаат добра сезона.