Диего Милито беше еден од клучните фудбалери на Интер во историската тројна круна која ја освоија нероаѕурите под водство на Жозе Мурињо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интер од тогаш е единствениот италијански тим кој успеал да ја освои популарната „триплета“. Затоа Милито и заслужено доби место во „Куќата на славните“ на Интер.
„Чувството е фантастично, ова е посебен ден за мене. Да се биде заедно со толку големи имиња е неверојатно. Ако морам да изберам некој гол, тогаш тоа е вториот од финалето во Лигата на шампионите“.
Помеѓу фудбалерите од кои доби честитка беше и македонскиот капитен Горан Пандев.
„Среќен сум што го слушнав Горан. Тој фантастичен човек и голем шампион. Кога дојде во јануари даде голем придонес во таа 2010 година, каде и да играше беше одличен. Денес ќе назадравам за него“, порача Милито.