Дома Топ вести Mилитао објасни зошто ќе колабираше на пресот: Ништо не стигнав да јадам (ВИДЕО)

Mилитао објасни зошто ќе колабираше на пресот: Ништо не стигнав да јадам (ВИДЕО)

Бразилскиот стопер Едер Милитао (21) долго ќе го памети претставувањето во Реал Мадрид.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Милитао со Реал Мадрид потпиша договор на пет години и најавен е како големо засилување во одбраната, но презентацијата пред навивачитен е помина онака како што замислуваше.

На Милитао на официјално претставување му се слоши и изгледаше дека може да колабира, а сега објасни што му се случило и зошто.

„Имав долг лет со авион од Бразил, потоа бев одведен на медицинските прегледи кои успешно ги поминав. Знаев дека следи потпишувањето на договорот, а потоа претставувањето пред навивачите, тоа се вообичаени активности, но во целиот тој хаос не стигнав ништо да јадам. Кога на тоа се додаде малата трема која ја имав се случи тоа што сите го видовте. Морав да побарам да ја прекинеме конференцијата“, изјави Милитао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…