Дома Македонски спорт Мак фудбал Mилевски со јасна цел: Само победа е опција против Украина

Mилевски со јасна цел: Само победа е опција против Украина

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните два натпревари

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Прво, на 14. октомври (15:00 часот) во Прага ќе играме против Украина во рамките од квалификациите за Европското првенство, а три дена подоцна во истиот термин ќе се соочиме со Ерменија во пријателска средба.

Натпреварот со Украина е можеби и најважниот во овој циклус.

„Само победа и на нас и на Украина е во оптимална ситуација да се најдеме и по овој меч. Мислам дека ќе биде еден отворен меч поготово што нерешениот резултат не одговара на двете екипи. Потоа ни следуваат два меча против Италија и Англија, па ќе видиме што ќе ни донесе дуелот во Прага. На секој меч очекуваме да победиме и се правиме во функција на тоа, без разлика дали играме со Италија, Малта или Украина. Сепак од другата страна има противник и не зависи само од нас. Атмосферата во тимот е одлична посебно по двата одлично одиграни меча во септември“, изјави селекторот Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…