Дома Фудбал Репрезентации Mилевски: Натпреварот со Саудиска Арабија е одлична можност да го видиме потенцијалот на фудбалерите од нашата лига

Mилевски: Натпреварот со Саудиска Арабија е одлична можност да го видиме потенцијалот на фудбалерите од нашата лига

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за контролниот натпревар против Саудиска Арабија. (ТУКА).

На списокот на повикани фудбалери најголем дел се играчи од македонското првенство, само тројца се интернационалци. Милевски очекува тешка и квалитетна проверка.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Ни претстои силен контролен натпревар против Саудиска Арабија, репрезентација која е во фаза на последни подготовки за Светското првенство. Ова ќе биде одлична можност за повиканите фудбалери на терен да се соочат со квалитетен противник, а ние како стручен штаб, реално да го видиме потенцијалот и квалитетот на фудбалерите кои сметаме дека се во најдобра форма во моментот во нашата лига. 

Дел од фудбалерите кои ги планирал не добиле дозвола од своите клубови бидејќи натпреварот се игра надвор од ФИФА термин.

Нашата намера беше да ги повикаме и Мартин Мирчевски (ТСЦ, Србија), Марко Симоновски (Дрита, Косово), Сефер Емини (Сондерјиске, Данска), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка) и голманот Беким Реџепи (Партизани Тирана, Албанија), но дел од нив не добија дозвола од своите клубови бидејќи натпреварот ќе се одигра надвор од ФИФА термин за пријателски мечеви, а некои се опоравуваат од повреда. Со нас ќе биде Дарко Велковски на кого му требаат натпревари за да влезе во права натпреварувачка форма, а шанса ќе добијат и Мартин Стојанов и Кристијан Тошевски. Се надеваме дека сите повикани фудаблери ќе одиграат максимално сериозно и ќе остават позитивен впечаток“. 

Подготовките за конторлниот натпревар против Саудиска Арабија ќе започнат на 17. октомври. На тренинг центарот „Петар Мило

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Официјално: Потврдено едно заминување од Манчестер Јунајтед

Францускиот напаѓач Антони Марсијал (28) ќе го напушти Манчестер Јунајтед по истекот на не…