Дома Македонски спорт Mилевски за натпреварот со Хрватска: Силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција

Mилевски за натпреварот со Хрватска: Силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција

Денеска Фудбалската федерација на Македонија потврди дека нашите најдобри фудбалери на 3-ти јуни во Ријека ќе играат против селекцијата на Хрватска.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По потврдата се огласи и селекторот Благоја Милевски кој истакна задоволство што Македонија ќе има можност да игра против една од најсилните селекции.

„Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција. Натпреварот ќе биде одлична можност да напредуваме како тим и се разбира да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот пред почетокот на квалификациските натпревари“, изјави селекторот Благоја Милевски. 

Ќе потсетиме, во текот на вчерашниот ден и официјално ФФМ потврди дека Милевски ќе ја води Македонија до 2026 година и покрај критиките од јавноста во изминатиот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Aртета веќе мисли на засилувањата, сака ѕвезда од 115 милиони евра!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, направи храбар чекор, лично упатувајќи се во намерите д…