Тимот на Интер е првиот финалист во Лигата на шампионите откако вечерва со уште една победа го елиминираше градскиот ривал Милан.
Имаше Интер и пред денешниот натпревар предност од 2:0 од првиот натпревар, а вечерва во улогата на домаќин запиша уште една победа, сега минимална. Создаде Милан неколку прилики во првото полувреме, но се закани и Интер. На двете страни видовме добри одбрани на голманите Онана и Мањан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во вториот дел темпото на игра на Милан падна, па Интер полека го приведуваше натпреварот кон крајот. Се беше решено на 15-тина минути до крајот кога Мартинез по додавањето од Лукаку го совлада Мањан и ги постави конечните 3:0.
Il Toroooo Lautaro vamossss ⚫️🔵 pic.twitter.com/zD8f6eelFG
— Alessandro (@90ordnasselA) May 16, 2023
Тој гол за Мартинез беше трет во Лигата на шампионите, но сигурно и најважен сезонава. Во финалето Интер ќе го чека подобриот од двомечот помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, реваншот се игра утре, а во првиот натпревар во Мадрид немаше победник (1:1).