Дома Трансфер зона Mанџукиќ пред заминување од Јувентус: Познато и кој клуб е фаворит да го доведе

Mанџукиќ пред заминување од Јувентус: Познато и кој клуб е фаворит да го доведе

mandzukic

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ ова лето скоро сигурно ќе го напушти Јувентус. Доаѓањето на новиот тренер не донесе добри вести за Хрватот.

Манџукиќ не се вклопува во тактичките замисли на Сари и после четири години ќе ја напушти „старата дама“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ наведува дека се е решено. Сари не е за заминување на Манџукиќ, но не му гарантира место во стартниот тим.

Така Манџукиќ би се преселил на клупата, меѓутоа тоа не му одговара и затоа многу веројатно ќе ја промени средината.

Во исто време се појавија гласини дека кариерата ќе ја продолжи во Германија, поточно во Борусија Дортмунд.

Бундес лигата е добро познато место за Манџукиќ затоа што таму настапуваше за Волфсбург и Баерн Минхен.

Договорот на Манџукиќ со Јувентус има важност до летото 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …