Вардар со почеток од 18:00 часот го oдигра натпреварот против Монпелје во кој влезе како фаворит со оглед на тоа што францускиот клуб за прв пат игра на еден фајнал-фор турнир, сепак за жал не ја оправда.
Натпреварот започна тврдо без многу погодоци, Монпелје на стартот стигна до водство и успеа да стигне и до +2, кога поведоа со 2:4. Од тој момент Вардар започна да игра нешто подобро набрзо го имаше и првото водство од 7:6, потоа следуваше повторно период на Французите кои стигнаа до предност од 8:10. Во тие моменти Вардар ја подобри играта во нападот, но проблем беше Штербик кој не беше на своето ниво.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Голманот на Вардар во 22 минута имаше само една интервенција.
На истекот на 25 минута Вардар доби огромна предност, Монпелје остана со два играчи помалку во поле, но сепак таа предност црвено-црните не ја искористија баш најдобро па резултатот по истекот на казната гласеше 11:12. Вардар играше добро, но Монпелје некако успеавше да ја одржи таа предност од два погодоци предност.
На полувреме се замина со резултат 11:14.
Вардар второто полувреме го започна подобро, посебно во нападот, но повторно изостануваа одбраните2 на голманите. Прво на Штербик, а потоа и на Страхиња Милиќ кој во продолжене забележа неколку интервенции.
Монпелје во текот на целиот втор дел имаше предност, тимот на Раул Гонзалес ниту еднаш не успеа да стигне до изедначување, иако повеќе пати се доближувавме на -1.
Во последната минута гледавме вистинска драма Вардар успеа да стигне до изедначување од 27:27 кое беше прво во вторите 30 минути! На 20 секунди до крајот Монпелје успеа да постигне гол за предност од 27:28. Гонзалес очекувано во тие моменти повика тајм-аут.
Вуко Борозан се обиде со удар од девет метри, но не беше прецизен, па црвено-црните нема да ја бранат титулата во финалето и ќе мора да се помират со натпреварот за трето место.