Дома Фудбал Mурињо со директни критики за трагичарот: Знаев дека ќе имаме проблем

Mурињо со директни критики за трагичарот: Знаев дека ќе имаме проблем

На Островот денес главна тема е изненадувачката елиминација на Манчестер Јунајтед во рамките од Лига купот против Дерби Каунти.

Тимот кој е предводен од Френк Лампард славеше победа после подоброто изведување на пенали откако во регуларниот дел беше 2:2.

Во пенал серијата непрецизен од белата точка за „црвените ѓаволи“ беше Фил Џонс, а после натпреварот Мурињо истакна очекувал да неговиот тим да се најде во проблем доколку дојде во ситуација Џонс да шутира.

„Пеналите се рулет и некој мора да промаши. Сепак, знаев дека после шестиот или седмиот пенал ќе имаме проблеми затоа што Џонс мораше да шутира“, прокоментира „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга го диктира есенскиот финиш, Вардар веќе осум бода зад врвот

Ремито на Шкендија со Силекс ја остави Струга со четири бода предност на врвот. Следните д…