Дома Фудбал Италија Mурињо после победата на Рома од 5:1: Не ми се допадна како игравме, не бевме добри

Mурињо после победата на Рома од 5:1: Не ми се допадна како игравме, не бевме добри

Рома вчера во рамките од Конференциската лига ја победи ЦСКА Софија со 5:1 и тоа беше шеста победа за Рома во шестот официјален натпревар.

Бугарскиот тим изненадувачки поведе во 10. минута, но до полувремето Рома преку Пелегрини и Ел Шарави го сврти резултатот. Во продолжени Пелегрини зголеми на 3:1, а во финишот Мачини и Абрахам се погрижија за убедлива победа.

После натпреварот и покрај високата победа Мурињо не беше најзадоволен од она што го прикажеле неговите фудбалери.

„Не игравме добро. Создаваме одличен тим, но не ми се допадна како денес игравме. На моменти бевме добри. Не игравме квалитетно. Пред два дена тоа го трениравме, а денес бековите не одеа доволно напред, немаше доволно интезитет и изгубивме многу одбранбени дуели. Не можам да кажам дека бевме лоши, но не бевме ни добри, посебно не за да ја заслужиме оваа победа од 5:1“, изјави Мурињо.

Рома од почетокот на сезоната два пати во квалификациите за Конференциската лига го победи турски Трабзонспор, а во Серија А славеше против Фиорентина, Салернитана и Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Погба: Заслужено изгубивме, примаме глупави голови

Францускиот играч за врска Пол Погба беше фрустриран после новиот пораз на Манчестер Јунај…