Дома Фудбал Англија Mурињо добро помина, но неговиот „провокатор“ може да биде жестоко казнет

Mурињо добро помина, но неговиот „провокатор“ може да биде жестоко казнет

Менаџерот на Манчестер Јунајтед помина многу подобро отколку што се очекуваше.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После инцидентот во дербито помеѓу Манчестер Јунајтед и Члези во кое Жозе Мурињо тргна физички да се пресметува со помошникот на Маурицио Сари кој буквално пред него го прославуваше изедначувачкиот погодок на „сините“, реагираше Фудбалската асоцијација на Англија.

Се очекуваше Португалецот да биде казнет, но за чудо успеа да се провлече само со опомена за разлика од неговиот „провокатор“.

Мурињо жестоко реагираше и сакаше да се пресмета, но обезбедувањето на стадионот спречи поголем инцидент.

Од друга страна човекот кој го испровоцира Мурињо е обвинет за непримерно однесување и му се заканува дури и забрана за занимавање со тренерска работа.

Одлуката за неговата казна се очекува да биде донесена наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар го доби терминот за дуелот против Купс во ЛШ

Вардар го одбројува времето до европскиот старт во новата сезона, а веќе е потврден и терм…