Дома Македонски спорт Mрме: Учев од Гасперини и Јуриќ, од силниот Палермо со Дибала, Иличиќ, Васкез…Без Горан ова немаше да биде можно!

Mрме: Учев од Гасперини и Јуриќ, од силниот Палермо со Дибала, Иличиќ, Васкез…Без Горан ова немаше да биде можно!

Селекторот на Македонија Игор Ангеловски е во фокусот на светските медиуми откако ја одведе Македонија на Европското првенство, но и поради големата победа против Германија во Дуизбург.

Интервју со Ангеловски сега направи и познатиот италијански новинар Алфредо Педула.

Започна Мрме со големата победа против Германија.

„Тие голови на Пандев и Елмас никогаш нема да ги заборавам. Добив многу пораки, но јас прво што сакав е да се слушнам со сопругата која имаше ковид. Кога играш против така голем тим не треба да се затвориш затоа што секако ќе примиш гол. Ние дадовме два со отворена игра и од изградени акции, успеавме и да ги запреме најопасните играчи на Германија. Голот на Елиф беше една награда за нашата храброст“.

За Горан Пандев.

„Без Гоче сето ова ќе беше возможно. На оваа селекција и беше потребен лидер, а подобар за таа улога од Горан нема. За нас Пандев е поважен отколку Модриќ за Хрватска“, спореди Ангеловски.

Ангеловски даде интересен одговор од тоа од кого учел и кои се неговите идоли.

„Со Македонија започнав победувајќи ја Црна Гора со 4:1. Тогаш имав 37 годин и верував дека со таква игра можеме да направиме многу да напредуваме. Многу учев од Гасперини и Јуриќ, од силниот Палермо со Дибала, Васкез, Иличиќ, Миколи…Погледнете каде се денес двајцата тренери“.

Доби прашање Ангеловски и за неговиот договор.

„Не знам до кога ќе бидам селектор, но наследникот треба да ми се заблагодари затоа што му оставам еден компактен тим“.

Откри и дека има голема желба еден ден да дојде до Серија А.

„Серија А ја следам уште од времето на Саки. Навистина би сакал да водам еден италијански тим, ако не добијам повик веројатно ќе мора самиот да се препорачам“, се пошегува Мрме.

Интервјуто на Ангеловски – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона ќе му врачи отказ на Куман

Каталонските медиуми пренесуваат дека на крајот на сезоната Барселона најверојатно ќе му в…