Дома Фудбал Репрезентации Mиовски изнуди пенал за Жирона, но тоа може да биде проблем за Македонија

Mиовски изнуди пенал за Жирона, но тоа може да биде проблем за Македонија

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски во 60. минута изнуди пенал за Жирона откако беше фаулиран на линијата на шеснаесетникот, а токму Стуани влезе во игра на местото на Македонецот да го изведе пеналот.

Специјалистот за пенали беше сигурен од белата точка и донесе предност за Жирона од 3:2.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Но, она што може нас да не загрижува е начинот на кој Миовски го напушти натпреварот.

Македонскиот голгетер поткривнуваше во моментите додека излегуваше од теренот и тоа може да биде потенцијален проблем за Македонија пред последните два натпревари од Лигата на Нации против Летонија и Фарски Острови овој месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Навивачите бараа да го отпушти, а Перез му даде нов договор: „Најдобар си во Европа!“

Во редовите на Реал веќе интензивно се работи на новите договори за сезоната која би можел…