Дома Фудбал Италија Mилито со големи пофалби за Пандев: Тој е голем шампион, во 2010 даде голем придонес

Mилито со големи пофалби за Пандев: Тој е голем шампион, во 2010 даде голем придонес

Диего Милито беше еден од клучните фудбалери на Интер во историската тројна круна која ја освоија нероаѕурите под водство на Жозе Мурињо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Интер од тогаш е единствениот италијански тим кој успеал да ја освои популарната „триплета“. Затоа Милито и заслужено доби место во „Куќата на славните“ на Интер.

„Чувството е фантастично, ова е посебен ден за мене. Да се биде заедно со толку големи имиња е неверојатно. Ако морам да изберам некој гол, тогаш тоа е вториот од финалето во Лигата на шампионите“.

Помеѓу фудбалерите од кои доби честитка беше и македонскиот капитен Горан Пандев.

„Среќен сум што го слушнав Горан. Тој фантастичен човек и голем шампион. Кога дојде во јануари даде голем придонес во таа 2010 година, каде и да играше беше одличен. Денес ќе назадравам за него“, порача Милито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…