Дома Фудбал Mилан победи, Ибрахимовиќ мајсторски асистираше, па поцрвене! 🎥

Mилан победи, Ибрахимовиќ мајсторски асистираше, па поцрвене! 🎥

Милан е пред победа во денешниот натпревар на гости против Парма, а натпреварот го обележа Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ прво после само осум минути игра одлично асистираше за водство на Милан. Швеѓанецот одлично го проигра Ребиќ во шеснаесетникот кој ја погоди мрежата за водство. Кеси кон крајот на првото полувреме зголеми на 0:2.

После само 15 минути игра во второто полувреме Ибрахимовиќ поради приговор кон главниот судија доби директен црвен картон.

Шест минути по црвениот картон на Ибра Парма намали на 1:2, но „млекарите“ немаа сили за нешто повеќе. Леао во 94. минута ги постави конечните 1:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го запре налетот на Комо: Два гола за 19 минути и нов удар за Фабрегас

Еспозито и Турам ја решија пресметката на „Сан Сиро“ со 2-0, а Комо по шест победи во низа…