Дома Фудбал Лига на шампиони Mилан вечерва не беше дораснат за чудо: Лаутаро го одведе Интер во финалето во ЛШ!

Mилан вечерва не беше дораснат за чудо: Лаутаро го одведе Интер во финалето во ЛШ!

Тимот на Интер е првиот финалист во Лигата на шампионите откако вечерва со уште една победа го елиминираше градскиот ривал Милан.

Имаше Интер и пред денешниот натпревар предност од 2:0 од првиот натпревар, а вечерва во улогата на домаќин запиша уште една победа, сега минимална. Создаде Милан неколку прилики во првото полувреме, но се закани и Интер. На двете страни видовме добри одбрани на голманите Онана и Мањан.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во вториот дел темпото на игра на Милан падна, па Интер полека го приведуваше натпреварот кон крајот. Се беше решено на 15-тина минути до крајот кога Мартинез по додавањето од Лукаку го совлада Мањан и ги постави конечните 3:0.

Тој гол за Мартинез беше трет во Лигата на шампионите, но сигурно и најважен сезонава. Во финалето Интер ќе го чека подобриот од двомечот помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, реваншот се игра утре, а во првиот натпревар во Мадрид немаше победник (1:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

От Манчестер Јунајтед подготвуваат трета понуда за Мбемо, се очекува зделката да биде завршена оваа недела

Раководството на Манчестер Јунајтед подготвува трета официјална понуда кон Брентфорд за Бр…