
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, “господски” го прифати поразот од Лион со резултат од 2:1 во Лига 1. Овој неуспех ги промени плановите на неговиот тим во борбата за титулата, бидејќи Парижаните ја пропуштија можноста да го задржат водството од четири бодови во однос на првиот конкурент, упорниот тим на Ленс. Сепак, првенството стана уште понеизвесно и поинтересно.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Еве како Енрике гледа на неочекуваниот пораз на својата екипа:
Сакавте понеизвесна лига и ете ја. Ленс продолжува со победничкиот маратон и ќе биде тешко до самиот крај. Ова е фудбал и сега треба само да се подготвиме за наредните предизвици. Ќе играме на секои три дена и мора да се справиме со тоа.